Манчестер јунајтед е подготвен да испрати понуда до тимот на Лестер за одличниот играч од средниот ред Џејмс Медисон.
Тимот од „Олд Трафорд“, според „Мирор“, ќе им испрати на Лисиците многу интересна понуда која вклучува пари и играч.
Значи, за Медисон, „црвените ѓаволи“ ќе ги понудат Лингард и 45 милиони фунти, и тие се надеваат дека оваа понуда ќе биде задоволителна за Лестер.
Јунајтед верува дека Лингард вреди дури 40 милиони фунти. Сепак, по очајната година во која овој фудбалер не постигна гол и не асистираше во ниту еден натпревар, тоа не е неговата вистинска вредност.
Ваквата понуда, според „Мирор“, ќе оди во тимот од „Кинг Пауер“, но навистина е тешко да се очекува дека на крајот ќе ја прифатат.
Медисон е навистина фантастичен оваа сезона во дресот на Лестер. Тој има одиграно 23 натпревари на сите натпреварувања и има девет гола и три асистенции.