Двајца македонски интернационалци потпишаа за ист клуб во период од само еден месец. Станува збор за клубот Делфинс дел Есте од Доминиканска Република. Прв кој потпиша за овој тим е Борче Сркески од второлигашот Росоман. Вториот е Александар Златевски, кој досега играше за Победа, Питу Гули и на Росоман. Двајцата биле дел од тимот на Питу Гули.

Заслуга за двата трансфери има Хаџи Стефан Ристиќ кој од февруари го презема Делфинес дел Есте и ќе го води во CONCACAF Лигата на шампиони. Една година тој помина во тимот Питу Гули од Крушево, пред да се врати во Доминиканска Република.

Тој е роден во Србија, но цело време работи во Средна Америка. Има про лиценца, работи како спортски директор, но и како тренер.