Хаким Зијех повеќе нема да игра за Ајакс.
Холандската фудбалска федерација, исто така, официјално ја прогласи неважечка сезоната 2019/20 поради пандемија на коронавирус.
Така, Хаким Зијех веќе нема да игра за холандскиот тим и нема да има збогум како што планирал пред да замине за Англија.
Иако работите се комплицирани поради КОВИД-19, Хаким Зијех вели дека на први јули и официјално ќе биде играч на Челзи.
Лампард го купи во јануари за 40 милиони евра.
„Мојот потпис постои, така да, на први јули ќе бидам играч на Челзи. Никогаш не размислував поинаку“, рече тој.