Довчерашниот тренер на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие го презема катарскиот клуб Ал Духаил.
Како што пренесуваат француските медиуми, Кристофер Галтие ќе потпише двегодишен договор со еден од најдобрите катарски клубови.
Тој претходно беше поврзуван со Олимпик од Марсеј, но таа вест не беше точна.
Францускиот стручњак на клупата на Ал Духаил ќе го замени Ернан Креспо, славниот аргентински фудбалер кој ја освои тројната круна со катарскиот клуб во 2022 година.
Галтие минатата сезона со Пари Сен Жермен го освои францускиот шампионат. Претходно беше тренер на Сент Етјен, Лил и Ница.
🔹Contrat de deux ans pour Christophe Galtier à Al Duhail 🇶🇦
🔹Il n’a jamais été proche de l’OM pic.twitter.com/MOJHIWQDsB
— Fabrice Hawkins (@FabriceHawkins) October 3, 2023
