Натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Башакшехир крена голема прашина.
Натпреварот, кој започна во вторникот, заврши вчера со победа на парижаните од 5:1, а претходно натпреварот беше прекинат поради расистички коментари на четвртиот судија Себастијан Колтеску на сметка на помошникот тренерот на турскиот клуб Пјер Вебо.
Интересен коментар по натпреварот даде поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и репрезентацијата на Англија, Мика Ричардс.
EXACTLY 👍 @MicahRichards #PSG #IBFK pic.twitter.com/FGCIOeqe8K
— O B E K N O W S (@0beknows) December 8, 2020
“Ако некој влезе во оваа просторија сега и ми каже “тој црнец”, не би го сметал за навреда, туку за опис. Ако е точно она што се зборува за инцидентот вечерва, тогаш мислам дека реакцијата на Пјер Вебо и Демба Ба е малку претерана почекајте целосен извештај, можеби има нешто што сè уште не го знаеме “, рече Ричардс.
I'm black and I agree to this. The context is very important
— Bouff Daddy (@ElReyNino) December 8, 2020
И неговата изјава привлече големо внимание и ги подели мислењата на публиката низ цела Европа. Повеќето се оние кои веруваат дека Ричардс е во право. Тој доби бројни пораки за поддршка дури и од луѓе со темна кожа, но секако имаше и такви кои го нарекуваа Ричардс расист.
https://twitter.com/stattodium/status/1336613555064496130
Мислењата се поделени, но Ричардс покажа дека не треба секој збор за луѓе од друга раса да се толкува како расистичка навреда.