ФУДБАЛ

Од Реал Мадрид доаѓа големо засилување за Лампард !?

Френк Лампард денеска беше претставен како нов менаџер на Евертон.

Како што е најавено, Дони ван де Бик ќе биде на позајмица во овој клуб до крајот на сезоната, а британските медиуми носат уште една одлична вест за навивачите на Евертон.

Имено, Лука Јовиќ во клубот треба да пристигне како позајмен од Реал Мадрид, исто така на позајмица до крајот на сезоната.

Напаѓачот на Реал не е во преден план на тренерот Карло Анчелоти, но оваа сезона во отсуство на Карим Бензема доби неколку можности.

За Јовиќ беше заинтересиран и Арсенал, како и за неговиот соиграч Душан Влаховиќ, но се чини дека Топниците баш и не се добри за доведување српски напаѓачи.

Да потсетиме, Лука Јовиќ во досегашниот дел од сезоната одигра 15 натпревари за Реал Мадрид, а постигна само еден гол и запиша уште две асистенции.