ФУДБАЛ

Од ризик од ампутација до враќање на теренот после 3 години, неверојатната приказна за 32-годишниот голман

Кошмарот за голманот на Лудогорец, Владислав Стојанов, заврши, по 2 години и 8 месеци.

Комплициран период во кој претрпе осум операции на коленото, што можеше да доведе до ампутација на екстремитетите.

32-годишниот голман го одигра својот последен натпревар на 21 март 2017 година, на денот кога беше повреден. Сега, повторно се врати на теренот.

Стојанов е повторно на теренот со вториот тим на Лудогорец. Тој одигра 90 минути, иако неговиот тим беше поразен со 3-0, тој покажа дека не ги изгубил рефлексите.

„Како се чувствувам? Како 16-годишник“, се пошегува голманот во интервјуто по натпреварот за „topsport.bg“.

„Морам да се вратам во форма, морам да изгубам уште два килограми. Како и да е, благодарам на клубот што ми даде можност да се вратам во форма по долгата пауза“.

https://www.instagram.com/p/B4qjShLnarf/?utm_source=ig_embed