Се чини дека наскоро ќе започнат многу фудбалски првенства.
Информациите се очекуваат од ден на ден, но досега е јасно дека ништо повеќе нема да биде исто.
Посебни мерки за заштита ќе бидат воведени поради пандемијата на коронавирус, а ФИФА сега предложи сите првенства што се играат да воведат правило од пет измени по натпревар.
Предлогот беше испратен и сега се одлучува.
Се чини дека со ова полесно ќе издржат играчите по непланираната пауза, а се очекува предлогот да биде усвоен.
„Безбедноста на играчите ќе биде еден од најголемите приоритети на ФИФА“, забележаа од организацијата.
Новото правило ќе се применува за сите натпревари.