Еден Азар воопшто не поминува добро во Реал Мадрид. Лошата форма и повредите не му дозволуваат да го покаже потенцијалот што го има Белгиецот.
Медиумите во близина на клубот од Мадрид денес известуваат дека турскиот клуб Фенербахче упатил понуда за поранешната ѕвезда на Челзи.
Турскиот клуб се обидува да го добие Азар на позајмица до крајот на сезоната.
Останува да видиме каква ќе биде одлуката на клубот од Мадрид, кој нема корист од задржувањето на Азар во составот во моментов.