Од Турција една добра и една лоша вест: Тренерот се опорави од коронавирус, легендарниот голман се бори за живот
E R31 март 2020
Добра и лоша вест од Турија. Тренерот на Галатасарај Фатих Терим се опорави и го победи коронавирусот. Тамошните медиуми велат дека е отпуштен од болница во добра здравствена состојба, каде беше хоспитализиран една недела.
Но, лошата вест е дека легендарниот поранешен голман на Барселона и Фенербахче, како и на турската репрезентација, Рушту Речбер е ставен на респираторна машина и според турските медиуми неговата состојба е критична.
Неговата сопруга е шокирана, бидејќи болеста кај него брзо се развива.