Реал реши да го врати Мартин Одегард во своите редови од следната сезона.
Норвешкиот фудбалер игра навистина добро во дресот на Реал Сосиедад. Менаџментот на мадридскиот клуб е многу задоволен од тоа што го дава и донесена е одлука да го врати на Бернабеу во текот на летото.
Во 2015 година, Одегард пристигна во Реал како многу талентиран фудбалер. Сепак, поради годините тој не доби вистинска шанса во првиот тим, па замина на заем.
Играше за Херенвен, Витес, а од летото оваа година е член на Реал Сосиедад, каде игра навистина фантастично.
Игри како што на крајот го вратија во Мадрид и ќе видиме дали тој успева да се наметне на Зинедин Зидан.
Оваа сезона во дресот на тимот од „Сан Себастијан“ одигра 16 натпревари и има ефект од четири гола и пет асистенции.