Карло Анчелоти нема некои големи планови за следниот преоден рок.
Генерално Реал Мадрид не носи премногу фудбалери во јануари, така ќе биде и во овој случај.
„Па, не размислуваме за преоден рок во текот на зимата. Ова е тимот што ќе го имаме до крајот на сезоната. Нема да го менуваме “, рече тој кратко и јасно.
Следниот натпревар на Реал е против Жирона.
„Жирона игра добар фудбал, сака посед. Офанзивно, тие се многу добро организирани. Мораме добро да се браниме против нив. Мора да бидеме фокусирани од самиот почеток. Мора да победиме по поразот од Лајпциг “, објасни Анчелоти.
Анчелоти вели дека овој пат тимот ќе ги има Модриќ, Себаљос, Валверде, Маријано и Родриго, за кои пишувавме дека е болен.
„Имаше проблем, но утре ќе сметам на него“ , изјави Анчелоти.
Од друга страна, Бензема нема да биде во составот.