Бразилецот Нејмар беше многу тажен по поразот на својот ПСЖ во финалето од Лигата на шампионите против Баерн.
Тој не ги криеше солзите, а колку беше изгубен, потврдува и фактот што тој наместо на Баерн му честиташе на Баер Леверкузен.
„Поразот е дел од спортот. Работевме напорно и се боревме до крај. Ви благодарам на сите за поддршката. Честитки до Баер“, напиша Нејмар и стана хит.
Од Баер решија да бидат многу духовити.
„Благодарам, Нејмар! Не знаеме зошто ни честитате, ние сме на одмор и играме игра на ФИФА … но благодарам“, е одговорот што многумина се смееја до солзи.
https://twitter.com/bayer04_es/status/1297671703162544129