Во текот на ноќта на терените во НБА се одиграа шест натпревари.
Највозбудливо беше во Флорида. Домашниот Мајами Хит го пречека Торонто Репторс и на крајот загуби по голема драма.
Во ФТХ Арената се одиграа дури три продолженија, а победата ја извојуваа гостите со резултат 120:124. По регуларниот дел беше 100:100.
Батлер имаше дабл-дабл за домашниот тим со 37 поени, 14 скока и 10 асистенции, додека гостите ги предводеа Трент и Барнс со 33, односно 22 поени.
Лука Дончиќ приреди феноменална партија во важната победа на Далас Маверикс над Индијана Пејсерс со 132:105.
Во 29. победа на Мавс, Словенад постигна 30 поени и додаде 12 асистенции. Тој имаше и шест скока. Поразените Пејсерс го истакнаа Вашингтон Јуниор. со 22 поени.
Дербито се одигра меѓу Голден Стејт Вориорс и Бруклин Нетс. По возбудлив натпревар домашната екипа победи со 110:106.
Ирвинг имаше одлично издание со 32 поени, но тоа не беше доволно за гостите. Вориорс ги предводеа Вигинс со 24 и Кари со 19 поени.
Резултатите:
Далас Маверикс – Индијана Пејсерс 132:105
Њу Орлеанс Пеликанс – Бостон Селтикс 97:107
Филаделфија 76ерс – Сакраменто Кингс 103:101
Мемфис Гризлис – Вашингтон Визардс 115:95
(по продолжение: Голден Стејд – Нетс 110:106
Мајами Хит – Торонто 120:124)