ФУДБАЛ

Одличен натпревар во Рим: Манчестер Јунајтед оди во финале!

Фудбалерите на Рома вечерва го победија Манчестер Јунајтед на домашен терен со 3:2 во реваншот од полуфиналето на Европската лига, но на крајот „црвените ѓаволи“ се пласираа во финалето на ова натпреварување.

Рома добро го отвори натпреварот, иако беше јасно дека им треба чудо вечерва бидејќи на првиот натпревар пред седум дена беа поразени на Олд Трафорд со 6:2.

Домашниот тим ја имаше првата шанса кога Мхитаријан се закани во десеттата минута, но немаше погодок. Манчестер Јунајтед возврати десет минути подоцна кога Кавани одлично шутираше, но топката ја погоди пречката.

Шест минути подоцна, Кавани имаше уште една шанса да шутира повторно многу добро, но овојпат Миранте некако го одбрани неговиот удар. Сепак, во 38. минута Кавани успеа да постигне гол.

Гостите одиграа многу добра акција, Фред асистираше за Кавани кој излезе сам пред голманот и овојпат ја погоди мрежата за 1 0 и му донесе предност на Манчестер Јунајтед.

Сепак, Рома беше многу подобра во второто полувреме. Во 57-та минута Волчицата успеа да изедначи на 1:1, а во центарот на вниманието и овојпат беше напаѓачот, Един Џеко.

Дијамант се снајде одлично во петерецот на Јунајтед и со одличен удар со глава ја погоди мрежата на англискиот клуб за 1:1.

Само три минути подоцна целосен пресврт за Рома. Овој пат Кристанте се запиша во листата на стрелците, постигна одличен гол од врвот на казнениот простор за 2:1 и му врати повеќе или помалку надеж на римскиот клуб.

Веќе во 63. минута, уште една голема шанса за Рома. Џеко повторно се обиде, но овојпат Де Геа со многу среќа го запре неговиот удар и некако успеа да го спаси својот тим. Топката се одби до Педро, кој шутираше од десетина метри, но Де Геа повторно одбрани.

Казната за овие промашувања пристигна во 68-та минута. Овој пат асистент беше Бруно Фернандеш, а неговиот втор гол на мечот го постигна Кавани, кој покажа дека е во одлична форма во последно време.

На крајот од натпреварот Рома успеа да победи, но беше јасно дека Јунајтед оди во финалето. Волчицата до третиот гол стигна во 84. минута кога конечните 3:2 ги постави Никола Залевски.