ФУДБАЛ

Одличен потег на Пума и Дортмунд: Ретро дресот ги разбуди емоциите кај навивачите

Фудбалерите на Борусија Дортмунд викендов на домашен терен го совладаа Вердер Бремен со 4:1, а дресовите во кои играше домашниот тим беа во центарот на вниманието.

Пума реши да подготви специјални дресови за германскиот клуб пред овој натпревар, а инспирацијата ја најдоа во дизајнот на дресовите на Дортмунд од 90-тите години на минатиот век.

Ова најмногу ги потсетува навивачите на Дортмунд во 1997 година, кога овој клуб стана европски шампион. Тогаш Дортмунд во финалето го победи Јувентус со 3-1 и направи големо изненадување.

Токму германскиот клуб оваа сезона имаше црн сет дресови во кои играа натпревари на гости, што неодоливо потсетува на дресовите во кои овој клуб одигра натпревар против Вердер.

Навивачите на германскиот клуб беа воодушевени од она што го направи Пума, а дизајнот на овие „ретро“ дресови ги остави без зборови.

Со ова, Пума направи навистина фантастичен потег во однос на маркетингот и заработката затоа што успеаја да ги продадат за само еден ден. Ги немаше многу на продажба и само најсреќните успеаја да ги купат.

Колкава беше побарувачката за овие дресови, најдобро покажува фактот дека во неделата, официјалната веб-страница на Дортмунд не работеше повеќето часови бидејќи многу навивачи се обидоа да го нарачаат овој дрес преку Интернет.

Синоќа беше објавено дека повеќе од 150.000 навивачи на Дортмунд се обидоа истовремено да го нарачаат овој дрес, а страницата едноставно не можеше да издржи, и „падна“.

Дортмунд откри дека овој дрес е распродаден и се извини за техничките проблеми на официјалната веб-страница. Пума и Дортмунд направија одличен потег со овие дресови и заработија повеќе отколку што очекуваа.