Јирген Клоп потпиша нов договор со Ливерпул кој ќе го задржи на „Енфилд“ до 2026 година.
Одличниот германски стручњак ги воодушеви сите навивачи на „црвените“, а треба да се напомене дека Клоп не побара никакво зголемување на платата, иако сигурно имаше основа за тоа.
Според одредени информации тој заработува 15 милиони фунти годишно и не сакал да бара од клубот зголемување за да остане на клупата. Но, тој направи потег што не би го направиле сите, а за продолжување на договорот побара само зголемување на договорот за неговите помошници.
Германскиот стручњак сакаше неговите помошници да си ја осигураат иднината. Годишно ќе добиваат покачување од два милиони фунти и тоа секако е одлична вест за нив.
Со овој потег и Клоп покажа што е човечка големина и ретко кој менаџер направи вакво нешто.
View this post on Instagram
Германскиот тренер е на „Енфилд“ од 2015 година. Тој изгради неверојатен тим кој стана еден од најдобрите во светот, а по три децении успеа да им го донесе на црвените трофејот Премиершип.
На клупата на „црвените“ одигра вкупно 373 натпревари. Победи на 229, има 84 нерешени и 60 порази.
Со овој тим ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство и ЕФЛ купот.