34 годишниот репрезентативец, Предраг Самарџиски се враќа на теренот. 216 сантиметри високиот центар, по пауза од една година поради пандемијата од коронавирусот и се враќа на кошарката. 34-годишникот потпиша договор до крајот на сезоната со турскиот второлигаш Јени Мамак.
Самарџиски минатата сезона играше исто така за турски второлигаш, Самсунспор, а во кариерата беше дел и од Партизан, ФМП, Црвена Звезда, Литвос Ритас, Мега, МЗТ Скопје.