ФУДБАЛ

Одлични вести за Клоп, Дарвин се врати

Дарвин Нуњез се опорави од малата повреда на тетивата и ќе се бори за тимот во дербито против Челзи.

Пол Џојс и други сигурни извори тврдат дека Нуњез од четвртокот нормално тренира со тимот и ќе биде во тимот против Челзи.

Нуњез го пропушти претходното гостување кај Брајтон во Премиер лигата и реваншот од ФА Купот со Волвс, а сега најверојатно ќе го води нападот со Мохамед Салах.

Оваа сезона Нуњез често е на удар на критичарите поради огромниот број на пропуштени шанси, но во исто време е и најопасен, бидејќи често влегува во шанси, само треба да работи на тоа.

Навивачите на Ливерпул се уште се надеваат дека тоа ќе се случи и дека Нуњез ќе стане гол-машина, поради што доби 75 милиони евра и дополнителни 20 преку бонуси.

Сезонава постигна 10 гола, од кои пет во Премиер лигата, а додаде и три асистенции на вкупно 23 одиграни натпревари.

Статистички не изгледа толку лошо како што се критикува, но факт е дека Нуњез навистина промаши многу чисти шутеви.

В сабота од 13 часот и 30 минути ќе има можност да одработи пред своите навивачи против Челзи, директен ривал во борбата за топ 4.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига