Судот во Версај денеска не донесе пресуда за обвинението за уцена на Матје Валбуена против Карим Бензема и уште четири лица.
Судењето за овој случај траеше три дена, а пресудата се очекуваше денеска.
Меѓутоа, Судот одлучи да донесе одлука за казните за обвинетите во рок од еден месец, поточно на 24 ноември, а потоа ќе биде позната казната за обвинетиот.
Обвинителот вчера побара условна затворска казна од 10 месеци и парична казна од 75.000 евра за Карим Бензема.
Да потсетиме, Бензема е обвинет како соучесник во случајот за уцена против поранешниот соиграч Матје Валбуена.
Напаѓачот на Реал беше посредник меѓу Валбуена и луѓето кои бараа пари за да не објават видео од сексот на Валбуена, кој пријавил се во полиција.
На крајот случајот заврши на суд и ќе видиме каква одлука ќе биде донесена на крајот.