ФУДБАЛ

Одложена трката за Големата награда на Азербејџан

Поради пандемијата на коронавирусот, почетокот на новата сезона во Формула 1 е одложен и нема индикации за тоа кога ќе започне сезоната.

Првата трка требаше да се одржи пред осум дена во Мелбурн, но беше откажана поради пандемија на коронавирусот. После тоа, беа одложени уште пет трки, додека трката за Големата награда на Монако беше целосно откажана за оваа сезона.

ФИА денеска соопшти дека се одложува уште една трка, а тоа е Гран-при на Азербејџан. Трката во Баку требаше да се одржи на 7 јуни, но организаторите решија да ја одложат поради коронавирусот.

Сè уште не е познато како треба да изгледа распоредот во Формула 1 за 2020 година, но јасно е дека пандемијата на коронавирусот направила вистински хаос и во овој спорт.