Угледниот италијански весник Газета дело Спорт тврди дека Кристијано Роналдо сепак ќе остане во Јувентус, иако во изминатиот период имаше најави за негово враќање во Реал Мадрид, па дури и преселба во ПСЖ или Манчестер Јунајтед. Но, Газета дело Спорт тврди дека од тоа нема да има ништо, а клучниот состанок помеѓу Роналдо и Јувентус ќе се одржи во месец мај.
Португалецот има договор до 2022 година, а раководството на Јувентус планира да му понуди нов договор, со кој би била продолжена соработката за уште две години.