ФУДБАЛ

Одлуката на Лука Јовиќ ќе ги разбесни сите во Мадрид

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ минатата сезона речиси не играше во Реал Мадрид, но сепак не сака да си замине.

Долго време се води полемика околу тоа дали Јовиќ ќе го напушти Реал и каде би можел да ја продолжи кариерата, но напаѓачот се уште е во Мадрид, а со оглед на тоа што има важечки договор уште три сезони, очигледно е дека нема да брза да најде нов тим.

Се споменуваше како можно засилување на Милан, а потоа дојде информацијата дека следната сезона би можел да игра за Хетафе, но тоа очигледно ќе биде чекор назад во неговата кариера.

Затоа и самиот Јовиќ ја отфрли можноста кариерата да ја продолжи во помал клуб од Мадрид, а на челниците на кралскиот клуб наводно им порачал дека не му паѓа на памет да бара друг клуб.

Секако, проблем е висината на приходите што ги има Јовиќ во Реал, околу пет милиони евра, кои многу други условно кажано помали тимови не можат да ги платат, а тој не сака да се согласи на намалување на приходите.

Во Реал ретко се смета на Јовиќ, само неколку минути во текот на сезоната и откако пристигна од Ајнтрахт Франкфурт не успеа да се наметне и кариерата тргна во надолна патека.

Реал би сакал да се ослободи од Јовиќ, но тој има договор, сака да се почитува и во овој момент нема план да менува ништо, иако беше свесен дека тешко дека ќе го почувствува теренот во новата сезона.

Со Реал ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите, но собра вкупно 18 настапи, најмногу со влегување во самите финиш на натпреварите. Успеа еднаш да се запише во стрелците и да додаде три асистенции.

ПОВРЗАНО

Ла Лига