Еден Азар пред речиси три години како големо засилување пристигна во Реал Мадрид од Челзи, но не успеа да ги оправда очекувањата.
Кралскиот клуб плати дури 115 милиони евра за Белгиецот и се очекуваше тој да биде новата ѕвезда во овој тим, но поради честите проблеми со повредите на крајот не се покажа како вистинско засилување.
Во последно време многу се шпекулира за негово заминување од Реал Мадрид, а шпанските медиуми се сигурни дека тоа ќе се случи, а прашање е само дали тоа ќе биде во јануарскиот или летниот преоден рок годинава.
Белгиецот во досегашниот дел од сезоната успеа да одигра само 16 натпревари во сите натпреварувања, а на теренот мина 722 минути, а неговиот настап е многу скромен бидејќи забележа само две асистенции.
Реал Мадрид синоќа во Ријад успеа да го освои трофејот во шпанскиот Суперкуп, откако победи во финалето против Атлетик Билбао со 2:0.
Азар ниту синоќа не доби шанса за настап од Карло Анчелоти, што дополнително ги засили гласините дека си заминува од „Сантијаго Бернабеу“.
Белгиецот беше во центарот на вниманието за време на прославата на оваа титула, а некои од фотографиите станаа главна тема меѓу навивачите на Реал Мадрид.
https://youtu.be/3b7p8nXwYHI
Имено, сите играчи освен Азар беа многу среќни и насмеани за новата титула, но Белгиецот изгледаше прилично депресивно и разочарано што не одигра ниту една минута. Додека сите на групната фотографија позираа и се смешкаа, изгледаше дека Азар го прави токму тоа.

Белгиецот не можеше ниту да глуми дека е среќен поради овој трофеј, а после тоа очекувано беше критикуван од навивачите на Реал Мадрид.
Everyone smiling, except Hazard 💔 pic.twitter.com/Odg52LR3lD
— CFCDigest (@CFCDigest) January 16, 2022
И тие се чини дека го изгубија трпението со него, а многумина рекоа дека е време Азар да го напушти Реал Мадрид бидејќи е очигледно дека во овој клуб не може да ја врати формата во која играше додека беше во Челзи.