ФУДБАЛ

Однесувањето на Хери Кејн ги налути навивачите на Тотенхем

Во Тотенхем не владее најдобра атмосфера по сензационалното испаѓање од Динамо во осминафиналето од Лигата на Европа.

Хери Кејн, првата sвезда на тимот, исто така е под напад поради неговото однесување.

Кејн се уште не се обратил до медиумите по поразот на Максимир (3:0), а тоа ги налути навивачите на Тотенхем.

Ова не е прв пат Кејн да избегне одговорност по лошиот резултат, па така приказната за неговата иднина веќе започна да се шири, односно дали во иднина ќе го носи дресот на Тотенхем.

Жозе Мурињо беше единствениот кој даде објаснувања и коментари по поразот од Динамо, а играчите предводени од Кејн беа во друг филм. Фановите нема да страдаат од вакви испади долго.