Фудбалската сезона во Словенија најверојатно ќе продолжи кон крајот на мај.
Според информациите до кои пристигна „Дело“, челниците на клубовите биле известени дека сезоната ќе продолжи, а утврдени се и датумите.
Така, фудбалерите во оваа земја ќе се вратат на терените на 30 мај, а сезоната ќе трае до 7 јули. Фудбалска федерација на Словенија ќе ја потврди оваа одлука на 4. мај.
Во тој случај клубовите би започнале со тренинзи на 15 мај и на играчите ќе им треба точно две недели да се подготват да го продолжат натпреварувањето.
Досега во Словенија одиграни се 25 натпревари во оваа сезона. Олимпија е лидер со 50 бода, пет повеќе од Целје и Алумниј.
Овие екипи, заедно со Марибор кој има седум бода помаку, никогаш да не бидат отпишани, затоа што тие одлучунваат за титулата шампион, а Олимпија е секако голем фаворит за титулата.