ФУДБАЛ

Одреден е нов датум за „Ел Класико“, а не на сите ќе им се допадне одлуката

Барселона треба да го игра „Ел Класико““ против Реал Мадрид во 10. коло од Ла Лига на „Камп Ноу“.

Сепак, минатата недела ситуацијата во Каталонија драстично се промени поради пресудата на девет лидери за одржување на референдум пред две години.

Во деновите потоа владееше хаос на улиците и огромен број демонстранти излегоа на улиците во знак на протест против одлуката.

Лидерите на Ла Лига беа загрижени за безбедносната состојба, па тие предложија Ел Класико да се игра на „Сантијаго Бернабеу“ наместо на „Камп Ноу“, но и двата клуба ја отфрлија опцијата.

На крајот, дербито беше одложено и многу опции поврзани со местото и времето на играта беа напишани во текот на неделата.

Сега комитетот за натпревари донесе одлука дека натпреварот помеѓу Барселона и Реал ќе се одржи на 18 декември.

Сепак, челниците на Ла Лига сакаа дербито да се одигра на 4 или 7 декември, па се очекува да го дадат својот одговор и да се обидат да ја променат оваа одлука.

ПОВРЗАНО

Ла Лига