Јувентус и Наполи ќе мора да го одиграат својот натпревар, кој претходно беше регистриран со официјален резултат од 3:0 за Старата дама.
Натпреварот требаше да се игра во октомври, но бидејќи гостите не пристигнаа во Торино, Јуве доби „лесни“ поени и гостите беа лишени од еден бод.
Сепак, Наполи ја обжали одлуката, жалбата на крајот беше прифатена затоа што се покажа дека поради позитивни случаи на коронавирус Наполи не можеше да пристигне, и на крајот на краиштата тоа беше одлука на здравствените власти од нивниот регион.
Затоа, Јуве остана без три бода, Наполи враќа по еден бод, така што двата тима имаат по 24, а следниот натпревар ќе се игра на 13 јануари следната година.
Јувентус за само 15 дена ќе одигра натпревари против Милан, Сасуоло и Интер, а потоа повторно против Наполи во Суперкупот на Италија.