Италијанскиот фудбал, по долгата пауза поради пандемијата на новиот коронавирус, се врати со реванш натпреварите од полуфиналето на Купот на Италија.
Така ги откривме финалистите минатата недела, а тоа се Јувентус и Наполи. Јувентус го елиминираше Милан во полуфиналето, а Наполи го елиминираше Интер.
Финалниот натпревар од Купот на Италија ќе се одигра во среда (21 часот) на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол, а на центарот ќе биде судијата Даниеле Довери.
42-годишниот судија имаше чест да го суди дуелот меѓу Наполи и Јувентус за трофејот, а ова ќе биде првпат тој да суди во големото финале.
Даниеле Довери ја делеше правдата на 17 натпревари сезонава. Тој покажа 63 жолти картони, два црвени картони и досуди еден пенал.