ФУДБАЛ

Офанзивните играчи на Манчестер Јунајтед синоќа сами се понижија!

Манчестер Јунајтед ја започна новата сезона во Премиер лигата со неочекуван пораз. Кристал Палас победи на Олд Трафорд со 1:3.

„Црвените ѓаволи“ воопшто не славеа на премиерниот настап, а офанзивните играчи на славниот англиски клуб се погрижија да се понижат.

Имено, Ентони Марсијал, Мејсон Гринвуд, Маркус Рашфорд, Даниел Џејмс и Одион Игало заедно не упатија ниту еден удар во голот.

Марсијал и Рашфорд го одиграа целиот натпревар, Џејмс го замени Гринвуд на полувремето, додека Игало доби шанса да игра во последните 10 минути.

Ова е лош почеток на сезоната за Солсјер. Иако успеа да го врати Јунајтед во Лигата на шампионите, впечаток е дека сегашниот тим е далеку од конкуренција за титулата во Англија.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига