ФУДБАЛ

Официјализиран голем трансфер на Олд Трафорд: Потпиша Лисандро Мартинез!

Аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез (24) од денеска и официјално е нов играч на Манчестер Јунајтед.

Овој 24-годишен фудбалер потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“ со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Типот со прекар Питбул е познат како жесток борец на теренот и таа борба се обидува да ја покаже на Олд Трафорд.

Чест е да потпишам за овој голем клуб. Работев напорно за ова, а сега кога сум тука, ќе одам уште понапорно“, изјави Мартинез по потписот за Јунајтед и додаде:

„Имав среќа да играм за успешни тимови во текот на мојата кариера и сакам да бидам успешен и во Манчестер Јунајтед. Ќе има многу работа, но верувам во успех со овие менаџери и тимот.

Лисандро играше за Ајакс претходните три години. Холандскиот гигант за услугите на овој фудбалер ќе добие 55 милиони евра со неколку милиони дополнителни бонуси.

https://youtu.be/fIUl8O_KQmE

Пред да дојде во Ајакс во 2019 година, Аргентинецот играше за Дефенса и Јустиција, а кариерата ја започна во славниот Њуелс Олд Бојс.