УЕФА го суспендира Марко Арнаутовиќ за следниот натпревар на Австрија, поради пцовки на натпреварот против Македонија кон други играчи.

Арнаутовиќ ќе го пропушти дуелот против Холандија на ЕП 2020, а ќе може да игра во последното коло од групната фаза. Арнаутовиќ мина добро, иако казната можеше да биде уште построга.