ФУДБАЛ

Официјално: Баена го тужеше Валверде во полиција

Фото: Villarreal's Alex Baena, right, and Real Madrid's Federico Valverde fight for the ball during the Spanish La Liga soccer match between Villareal and Real Madrid at Estadio De La Ceramica in Villareal, eastern Spain, Saturday, Jan. 7, 2023. (AP Photo/Alberto Saiz)

Виљареал доцна синоќа излезе со соопштение во кое пишува дека нивниот напаѓач Алехандро Баена поднел пријава до шпанската полиција против играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде поради удар во лицето, кој Уругваецот му го нанел по натпреварот меѓу нивните два тима одигран во саботата.

„Фудбалерот на Виљареал, Алекс Баена претрпе насилство кога се упати кон тимскиот автобус по играњето на натпреварот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Соочен со оваа ситуација, играчот решил да поднесе соодветна жалба против агресорот до Националната полиција. „Виљареал уште еднаш отфрла каков било чин на насилство и цврсто верува во верзијата на својот играч, кого ќе го поддржува во текот на овој процес“, се вели во соопштението на клубот.

Сепак, „Марка“ напиша дека на Валверде во моментов не му се заканува спортска казна, бидејќи претставката е поднесена само до полицијата, но не и до Дисциплинската комисија на Лигата. Според „Ел Чирингита“, девојката на Валверде стапила во контакт со Баена, барајќи од него да не поднесува жалба.

Сепак, играчот на Виљареал одговори дека веќе ги демантираше сите приказни за неговите наводни коментари за нероденото дете на уругвајскиот интернационалец. На крајот Баена се обрати до полицијата, која веќе земаше изјави од двете страни, во кои Валверде го призна инцидентот.