ФУДБАЛ

ОФИЦИЈАЛНО – Бензема го напушти Реал Мадрид!

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и официјално потврди дека Карим Бензема – заминува!

Оваа вест не е изненадување, бидејќи со денови се најавува потенцијален трансфер во Саудиска Арабија.

Во официјалното соопштение Реал Мадрид се прости од својот капитен и долгогодишен најдобар играч.

Тој пристигна во клубот во 2009 година како 21-годишник и според официјалното соопштение е еден од најважните играчи во историјата на Реал.

Французинот постигна дури 353 гола и додаде 165 асистенции со 25 освоени трофеи, вклучувајќи дури пет Лига на шампиони и четири титули во Ла Лига.

„Кариерата на Карим Бензема во Реал е пример за професионализам и правилно однесување, со што на најдобар начин ги презентираше вредностите на нашиот клуб. Поради се што направи, го заслужи правото да донесе своја одлука и да го избере својот следен чекор.Навивачите на Реал од целиот свет во кои уживаа се во неговиот магичен и уникатен фудбал, поради што стана мит на нашиот клуб и еден од најголемите во историјата“, велат од Реал.

Да потсетиме, Бензема кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Саудиска Арабија од каде за две години има понуда од 200 милиони евра.

ПОВРЗАНО

Ла ЛигаЛига на шампиони