Поранешниот играч на Сао Паоло, Лукас Бералдо, потпиша петгодишен договор со Пари Сен Жермен, соопшти денеска францускиот клуб.
20-годишниот бразилски дефанзивец беше во првиот тим на Сао Паоло, со кој минатата година го освои Купот на Бразил.
Како што пренесува ESPN (ESPN), договорот е вреден 20 милиони евра. За Бералдо беше заинтересиран и Ливерпул, но управата на парискиот клуб постигна договор за трансферот минатата недела.
“Навистина сум среќен што доаѓам во амбициозен клуб како Пари Сен Жермен. Тоа е важен чекор во мојата кариера кој ќе ми помогне да напредувам. Едвај чекам да ги запознаам моите нови соиграчи и да ги направам првите чекори во новиот дрес“, се вели во соопштението на Бералдо. Бералдо, кој е член на репрезентацијата на Бразил до 20 години, во Пари Сен Жермен ќе го носи дресот со број 35.
По 17 кола, Пари Сен Жермен е прв во францускиот шампионат со пет бода пред второпласираната Ница. Избраниците на Луис Енрике во среда ќе играат против Тулуз во финалето на трофејот на шампионите, а во февруари ќе ги одиграат двата осминафинални натпревари во Лигата на шампионите против Реал Сосиедад.
