ФУДБАЛ

Официјално: Чалханоглу предизвика тектонски нарушувања потпишувајќи за Интер!

Шпекулациите што се појавија во медиумите претходните денови сега станаа реалност, Хакан Чалханоглу е нов играч на Интер!

Репрезентативецот на Турција направи вистински земјотрес затоа што го замени дресот на Милан со Интер, што не е простливо во Италија!

Турскиот играч за врска потпиша тригодишен договор италијанскиот шампион, каде што ќе собере 5.000.000 евра по сезона, плус уште еден милион бонуси.

Токму тоа е платата што Чалханоглу ја бараше од Милан за време на повеќемесечните преговори, што е двојно повеќе пари од она што го заработуваше дотогаш.

Раководството на Милан не беше во можност да ја исполни неговата желба и понуди само милион евра повеќе без бонус, што не беше доволно за него и неговите агенти, па затоа се свртеа кон други опции.

Интер го претстави пред неколку минути на официјалната веб-страница на клубот и нема сомнеж дека навивачите на Милан ќе го пречекаат „со нож“ кога ќе го игра градското дерби со својот нов клуб.