ФУДБАЛ

ОФИЦИЈАЛНО: Елиф Елмас доби нов тренер

Елиф Елмас и Наполи и официјално имаат нов тренер. Тоа е Лучиано Спалети, кој е две години без работа. Неговиот последен ангаќман беше Интер, со кого раскина во 2019-та година.

-Со задоволство сакам да ви соопштам дека наш нов тренер од 1. јули ќе биде Лучијано Спалети. Добредојдено, Лучијано, заедно ќе направиме големи работи, првиот човек на клубот Де Лаурентис.

Како што е познато Џенаро Гатузо доби отказ веднаш по последното коло и ремито против Верона (1:1) по кое не успеа да обезбеди пласман во ЛШ. Но, и Гатузо не чекаше многу за нова работа. Тој следната сезона ќе ја преводи Фиорентина.


 

 

ПОВРЗАНО

Елиф Елмас