ФУДБАЛ

Официјално: Фернандињо го продолжува договорот со Манчестер Сити

Фернандињо го продолжи договорот со Манчестер Сити за уште 12 месеци, што ќе го задржат во клубот до крајот на 2021 година.

34-годишниот играч од средниот ред се очекува да го запише својот 300-ти настап за Сити в среда во дербито на Карабао Купот против Манчестер Сити.

Бразилецот веќе шест и пол години е дел од англискиот шампион.

Неговиот тековен договор се очекува да истече на крајот на оваа сезона, но тренерот Пеп Гвардиола изрази желба да го задржи во клубот по уште една фантастична сезона.

„Ова е најдобрата можна вест. Сакам да ја искористам оваа прилика да покажам колку сум им благодарен на моите соиграчи и на сите овде во Сити. Без нив, ова не би били можно“, рече Фернандињо по потпишувањето на новиот договор.