Она што со денови се најавуваше сега и официјално е потврдено – Карим Бензема е новиот фудбалер на шампионот на Саудиска Арабија Ал-Итихад.
Добитникот на „Златната топка“ потпиша двегодишен договор со Саудијците вреден 400.000.000 евра, со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Ал-Итихад со видео го претстави своето најгласно засилување во историјата, а останува да го почекаме стартот на новата сезона за да го видиме 35-годишниот во „црно-жолтиот“ дрес.
Интересно, доаѓањето на Бензема во Ал-Итихад беше директно финансирано од државата Саудиска Арабија, поточно Министерството за спорт на оваа земја, а беше објавено дека богатите шеици планираат да донесат уште неколку фудбалски ѕвезди во својата татковина во наредниот период.
Benzema is here 🤩✍️
A new tiger will roar 🐅
Welcome to Ittihad!#Benzema2Ittihad#here2inspireKSA pic.twitter.com/I3GEm90fRB— Al-Ittihad Club (@ittihad_en) June 6, 2023
