Кристијано Роналдо се враќа во Манчестер јунајтед. Англискиот клуб денеска соопшти дека постигнал договор со италијанскиот Јувентус за трансфер на португалскиот напаѓач, под договор за лични услови, виза и медицински преглед.
Клубот и официјално потврди дека се договори со Јувентус за трансферот, а Роналдо ќе парафира двегодишен договор на „Олд Трафорд“. Ѕвездата веќе замина од Торино, се работи на комплетирање на документите на Роналдо, па тој ќе ги мине медицинските прегледи и ќе стави потпис на договорот. Засега не е позната формата на трансферот, но се шпекулира дека Јувентус ќе добие 15 милиони евра веднаш и уште осум во потенцијални бонуси.
Welcome 𝗵𝗼𝗺𝗲, @Cristiano 🔴#MUFC | #Ronaldo
— Manchester United (@ManUtd) August 27, 2021
Според Џанлука ди Марцио од „Скај спорт Италија“, понудата од 28 милиони евра ги исполнува барањата на Јувентус, а Роналдо ќе добива 25 милиони фунти годишно на „Олд Трафорд“ во следните две сезони.