Лига 1 ќе продолжи да се игра, но со затворени врати барем до 15 април.
Одлуката е веќе донесена. Од следното коло, во Франција сите натпревари ќе се играат без навивачи, како во Италија.
Одлуката е донесена од Лига 1, заради закана од заразната болест, коронавирус.
До 15 април нема да иам публика, а тоа може да продолжи и до крајот на првенството, освен ако ситуацијата не се промени.
Поради коронавирус, УЕФА одлучи дека дури и возвратниот натпревар меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд во 1/8 финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра без навивачи, поради коронавирус.