ФУДБАЛ

Официјално: Ливерпул купи уште еден играч

Ливерпул го обезбеди својот втор зимски трансфер, кој беше отворен пред само неколку дена.

Јирген Клоп го префрли младиот Џо Харди од Б-тимот на Брентфорд, пренесува.

Поранешниот играч на младинскиот тим на Манчестер Сити, кој има постигнато 40 голови на 80 настапи за Брентфорд Б, им се придружува на „Црвените“ за необјавена сума.

Потегот на Харди во Ливерпул го потврди денеска самиот клуб Брентфорд.

„Потврдуваме дека напаѓачот на Брентфорд Б, Харди му се придружи на Ливерпул за необјавена сума“, се вели во соопштението на клубот од Чемпионшип – втор степен на англискиот фудбал.

Ова е втора аквизиција на Ливерпул оваа сезона, по Такуми Минамино, кој им се придружи на „црвените“ од Редбул Салцбург на 1 јануари.