ФУДБАЛ

Официјално: Мајсторијата на напаѓачот на Лајпциг прогласена за најдобар гол во групна (ВИДЕО)та фаза во Лигата на шампионите

Зад нас е групната фаза од Лигата на шампионите, по што ги дознавме сите патници во елиминациската рунда, чиј исход го добивме во понеделникот за време на ждрепката.

По ждребката во Нион, во осмото финале од најсилното фудбалско натпреварување на Стариот континент, патиштата ќе ги вкрстат Борусија Дортмунд-ПСЖ, Реал Мадрид-Манчестер Сити, Аталанта-Валенсија, Челзи-Баерн, Атлетико Мадрид-Ливерпул, Лион-Јувентус, Тотенхем-Лајпциг и Наполи- Барселона.

По изборот на идеална постава за време на групната фаза во Лигата на шампионите, дојде ред и на најубавиот гол на ова натпреварување досега, а таа ласкава титула му припадна на играчот на Лајпциг, Марсел Сабитцер.

Тој ги остави зад себе, Суарез кој постигна одличен гол против Интер, Даглас Коста, кој во последните моменти постигна гол за победата против Локомотив, и Лаутар Мартинез кој постигна брилијантен гол по маестралното проигрување од страна на Лукаку против Славија.