Актуелниот италијанскиот фудбалски шампион Наполи вечерва го објави назначувањето на Валтер Мацари за главен тренер на тимот.
Walter Mazzarri è il nuovo allenatore del Napoli.
⁰Bentornato Mister! pic.twitter.com/i5EXAziuVP— Official SSC Napoli (@sscnapoli) November 14, 2023
Шеесет и двегодишниот италијански стручњак дојде на местото на Руди Гарсија, кој ги предводеше „наполитанците“ од јули 2023 година.
Валтер Мацари веќе работеше во Наполи: од јули 1998 до јуни 1999 година беше помошник тренер на тимот, а од октомври 2009 до мај 2013 година беше главен тренер.
Наполи е четврти во сезоната 2023/24 во Италијанското првенство со 21 бод од 12 натпревари.
Член на Наполи е еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас.
За потсетување, ова е втор пат Мацари да е тренер на Наполи, а во првиот мандат му беше тренер на Горан Пандев.
