Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, од следната сезона ќе настапува во шпанската Ла Лига за Барселона. Тој потпиша договор со каталонскиот клуб, објави „Goal“.
Се очекува трансферот да биде официјализиран во текот на денешниот ден.
Во замена за Пјаниќ, во Јувентус ќе пристигне играчот од средниот ред на Барселона, Артур, кој според она што го пишуваат медиумите во Италија, потпишал договор со клубот до 2025 година. Исто така, Каталонците ќе доплатат и 10 милиони евра.
Во сезоната 2019/20, Пјаниќ одигра 36 натпревари за Јувентус, и постигна три гола и четири асистенции.