Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос ја доби суспензијата. Имено, тој на последниот првенствен меч прво доби жолт картон, а потоа се расправаше со судијата и го нарече копиле, по што доби втор жолт и исклучување. Медиумите во франција најавуваа дека Рамос ќе биде суспендиран на дури 7 меча, но сепак Фудбалската федерација на Франција го казни „само“ три натпревари. Тоа значи дека Рамос нема да игра на дуелите со Олимпик Марсеј, Ајачио и Троа.