ФУДБАЛ

Официјално: Реал донесе супер талентиран напаѓач од Дортмунд

Шпанскиот клуб потврди, поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Александeр Исак е нов член на Реал Сосиедад.

Медиумите во Шпанија и Германија објавија дека трансферот е вреден 10 милиони евра, на задоволство на двете страни. Борусија платила само 1,5 милиони во 2017 година, кога го донесоа од шведскиот АИК.

Овој 190cm висок напаѓач беше желбата на многу европски гиганти, но тогаш тимот од Дортмунд беше најупорен и најспецифичен.

Сепак, Исак не се изнаигра во Дортмунд, па германците го испратиа на заем во Хомандија, поточно во Вилем II, каде одигра 16 натпревари оваа сезона, постигнувајќи 13 гола и осум асистенции.