Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска го потврди договорот со Палмеирас и трансферот на талентираниот напаѓач Ендрик!
Овој трансфер веќе неколку пати се најавуваше, а сега пристигна и официјалната потврда. Ендрик е роден 2006 година, па во Палмеирас ќе остане до полнолетство, поточно до летото 2024 година.
Реал за него плати астрономски 60 милиони евра, а Мадрид ќе покрие и 12 милиони за разни даноци, што значи дека ќе чини вкупно 72 милиони.
Поради правилата на ФИФА, Ендрик сега би можел да потпише до 2027 година, со можност за продолжување на договорот до 2030 година.
„Сакам да му се заблагодарам на Палмеирас, клубот од моето срце, што ми даде сè што ми треба за да станам она што сум денес и што ми помогна да ги остварам моите желби и соништа. И конечно, што ме почитуваше мене и моето семејство и ни дозволи да избереме Сè додека не се преселам во Реал Мадрид, ќе бидам максимално посветен во дресот на Палмеирас и сакам уште повеќе голови, победи и титули и да ги израдувам нашите навивачи“, изјави Ендрик по официјализирањето на трансферот.
Погледнете за каков играч станува збор…
Así juega @endrickii, la nueva perla brasileña de 16 años que ya es del Real Madrid.
📹: @realmadrid
— Madrid Sports (@MadridSports_) December 15, 2022