ФУДБАЛ

ОФИЦИЈАЛНО: Рекорден трансфер, Грилиш потпиша за Сити (ВИДЕО)

Манчестер Сити денеска го потврди доаѓането на Џек Грилиш, трансфер вреден рекордни 100 милиони евра.

25-годишниот играч од средниот ред се приклучува од Астон Вила, откако одигра 213 натпревари во текот на осум сезони, постигна 32 гола и асистираше 43.

„Неверојатно сум среќен што се приклучив на Манчестер Сити. Тој е најдобриот клуб во Англија и го има најдобриот менаџер во светот. Во изминатите 10 сезони освоија многу трофеи, Пеп ги одведе на едно повисоко ниво. Играњето за него и учењето од таков човек е сон на секој фудбалер“, изјави Грилиш на претставувањето.

Грилиш го позајми дресот со број 10.