ФУДБАЛ

Официјално: Серж Орие е нов член на Виљареал

Серж Орие, како слободен играч, стана член на Виљареал. Тој потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште две.

Орие (28) раскина со Тотенхем во август, по четири години поминати во таборот на популарните „петли“ и 110 натпревари за овој клуб.

Силен дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска и поранешен десен бек на ПСЖ, дојде во Виљареал на барање на првиот тренер на овој клуб, Унаи Емери. Орие ќе биде одлично натпреварување за Аргентинецот Хуан Војт, кој беше стартер по десната аут-линија во последните неколку натпревари.